КОЈ Е НАЈГОЛЕМИОТ УСПЕХ НА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ ДО 2022-ТА ГОДИНА?
Објавено на: 02.08.2022
Македонскиот спорт не може да се пофали со многу титули во независната историја, но може да се пофали со неколку спектакуларни резултати. Нашата фудбалска селекција не израдува со учество на ЕП, кошаркарите беа 4-ти во Европа, ракометарите 5-ти, одбојкарите станаа редовни на ЕП.
На клупска сцена, борачите на Бучим беа европски и светски шампиони, Кометал беше женски ракометен, а Вардар машки европски шампион. ФК Вардар играше во групите во ЛЕ, и така натаму. Во индивидуалните спортови имаме и олимписки медали, на пример таеквондо среброто на Дејан Георгиевски.
Кој, според вас, е најголемиот спортски успех на македонскиот спорт?