Фудбал

НОВА ДЕБАТА ВО АНГЛИЈА – РУНИ ИЛИ САЛАХ?

На (не)познавачите на фудбалските прилики омилени теми им се споредбите на фудбалерите од различни фудбалски ери, па така на Островот се роди нова полемика околу тоа кој е подобар фудбалер, Вејн Руни или Мохамед Салах?

Двајцата не играат на иста позиција, едниот е покомплетен играч, другиот е офанзивно ориентиран, едниот почнуваше да игра пред 20 години, другиот игра сега. Растеле различно, се развивале различно, живееле различно.

Но, да се вклучиме во оваа бесцелна дебата – што мислите, кој е подобар фудбалер?