ГОДИНАТА НА САДИО МАНЕ?
Објавено на: 31.07.2022
Ја смени средината, но не ја смени бојата. Сенегалскиот интернационалец игра за Баерн Минхен и веднаш покажа дека ќе биде огромно засилување за баварската фудбалска машинерија.
Во Суперкупот на Германија, Баерн Минхен во црвени дресови победи против Лајпциг со 3:5 и ја освои првата круна во новата сезона, односно пред официјалниот старт на натпреварувачката година:
Прв официјален натпревар.
Прв погодок.
Прв трофеј.
Ќе има ли влијание во резултатите и во освојувањето на трофеите, сезонава, фудбалерот на Африка за 2022-та година, Садио Мане?