КАКО СЕ ВИКА ДЕЧКОВО?
Објавено на: 25.07.2022
Потекнува од истата екипа како и Кристијано Роналдо, се претвори во најомразениот лик на Камп Ноу, стана легенда на Реал Мадрид, за една година му избега триплетата со Интернационале.

Луис Фиго е роден 1972-та година, во 1989-та почна да игра во Спортинг, 1995-та премина во редовите на Барселона, на стартот на новиот милениум стана дел од фамозната „галактико“ генерација на Кралскиот клуб каде играше до 2005-та, а се пензионира 2009-та пред Интер да ја освои тројната круна една година подоцна.

Во кариерата која траеше точно две децении, португалскиот магионичар имаше многу посебни моменти и воедно ни презентира многу посебни елементи во неговиот стил на игра. Што вам ви остави најголем впечаток?