ГРИН СЕ ДРЗНА ДА СЕ ПОСТАВИ НАД ЏОРДАН И ЧИКАГО
Објавено на: 25.07.2022
Муабетите за најдобри играчи и екипи на сите времиња, нема никогаш да стивнат. Нема да стивнат ниту коментарите на квази-ѕвездите како оваа, која се поставува над некого, а не му е ни до коленици:
Еве, го гледам финалето од 1998-та меѓу Чикаго Булс и Јута Џез. Мислам дека нашата екипа од 2017-та ќе ги победи Булс и ќе ги прегази Џез, ако ни играат со ваква кошарка како оваа што ја гледам. Затоа е глупаво да се споредуваат различни ери.

Само последната констатација на Грин е точна. Кој би победил во едно вакво соочување – Џордан и неговите Булс, Мелоун/Стоктон и нивните Џез, или Голден Стејт Вориорс од 2017-та?