ЈУВЕНТУС ГО БАРА ФИРМИНО, ЛИВЕРПУЛ РАЗМИСЛУВА
Објавено на: 25.07.2022
Јувентус е најактивниот тим во Италија кога се во прашање трансферите ова лето, а по ангажирањето на Бремер, фокусот на бјанконерите е свртен кон навалната линија.
Тутоспорт од Торино јавува дека управата на Јувентус испратил официјалната понуда до Ливерпул за Роберто Фирмино, играч кој има голема оцена кај Алегри, кој го гледа како замена за Душан Влаховиќ или дури како партнер во нападот заедно со Србинот.
Најтрофејниот клуб од Италија цени дека 23 милиони евра ќе бидат доволни за црвните да се одлучат на продажба на Бразилецот, кој и оваа година се очекува да биде во сенка кога е во прашање нападот, откако Дарвин Нуњез дојде како замена за Садио Мане.
30 годишниот напаѓач на Ливерпул лани започна на само 10 натпревари, отсуствувајќи поголем дел од сезоната поради повреда. Управата на црвените размислува дали да ја прифати понудата на Јувентус, бидејќи не очекуваат дека ќе стигне повисока ова или наредното лето.
Претходно, Јувентус се засили со Анхел Ди Марија, Пол Погба и Андреа Камбијасо.