САГА – ИДИ МИ, ДОЈДИ МИ – ВО ТОТЕНХЕМ?
Објавено на: 26.05.2021
Многу е веројатно Маурисио Покетино да се врати во Северен Лондон, јавуваат медиумите на Островот. Аргентинецот беше отпуштен поради слабите резултати во ноември 2019-та и заменет со Жозе Мурињо, но Спарс ги загубија менталитетот што го имаа и хемијата која ги красеше.
Со Покетино на клупата, Тотенхем беше константно во најдобрата англиска четворка, играше и во финалето на Лигата на шампионите. Загубија заедно и во Лига Купот на Англија, но беа одлична дружина, поради што првиот човек Даниел Леви размислува на повторно обединување.