НАГЕЛСМАН СЕ ЖАЛИ: ТОА Е ЕДИНСТВЕНИОТ КЛУБ КОЈ НЕМА ПАРИ, А КУПУВА ИГРАЧИ НА АНГРО
Објавено на: 20.07.2022
Независните медиуми не се единствените кои се сомневаат во трансфер-економската исправност на Барселона. Тренерот на баварскиот и германски гигант, Баерн Минхен се сомнева во финансиската оправданост на последните случувања во редовите на каталонската гордост.

Барселона купи многу нови играчи. Не се работи само за Роберт Левандовски. Искрено, не знам како го прави тоа.
Барселона е единствениот клуб на светот кој нема пари, а купува играчи. Сето ова што се случува, малку ми е чудно и лудо. – рече стратегот Јулиан Нагелсман.

Барселона немаше право да регистрира играчи поради прекршување на финансиските правила, но со продажба на ТВ правата за следните неколку години, можеби и децении, наводно има обезбедени средства за трансфери. Во преодниот рок, Барса потроши над 115 мил. евра.
