Фудбал

ХАВЕРЦ ГО ПРОМАШИ ГОЛОТ, НО ЈА ПОГОДИ КАНТАТА

Херојот на Челси од финалето во Лигата на шампионите пред две сезони кога го погоди победничкиот гол против Манчестер Сити, имаше несекојдневен потег на пријателскиот меч со Клуб Америка. Наместо мрежата, германскиот голгетер ја погоди кантата зад голот:

Челси победи со 2:1 со головите на Тимо Вернер во 55-та минута и на Мејсон Маунт во 83-та минута. Англискиот тим постигна три гола, затоа што Рис Џејмс погоди во сопствената мрежа меѓу овие два погодока на неговите соиграчи, кои стрелаа „на правото“ место.