Фудбал

НЕМА ДРЕСОВИ ОД ЛЕВАНДОВСКИ, ЗАТОА ШТО НЕМА ЕДНА БУКВА

Причината поради која навивачите и симпатизерите на Барселона, не може да дојдат до дрес од Роберт Левандовски е помалку бизарна. Побарувачката е толку голема, што се затекнати и професионалците, официјалните лица кои работат во овој сегмент на каталонскиот клуб.

Нема дресови од Левандовски, затоа што ни снема една буква на залиха. Тоа е буквата W, која двапати се појавува во презимето на Роберт (Lewandowski). Тоа е комуникацијата која ја имал еден навивач на Барселона, со продавачот во шопот на каталонскиот клуб:

Ние се обидовме и не најдовме фотографија од грбот на Левандовски, во дрес на Барселона. Дали и тој остана без дрес, односно се уште го чека, од истата причина?