Фудбал

КОМИЧНАТА ЛИЧНА КАРТА ЗА ДАРВИН НУЊЕЗ Е ХИТ НА НЕТОТ

Новиот играч на Ливерпул веднаш стана цел на тролачите во фудбалот, поради неговата цена, поради неколку големи промашувања на тренинг и на пријателски натпревари, но и поради некоректното однесување на поранешниот клуб Бенфика од каде „процури“ информација за трансферот:

Мислевме дека ќе добиеме 30-40 милиони, но стигна понуда од Ливерпул за 80. Во смеа побаравме 100, ни дадоа 100. Отворивме шампањ! А имаме толку многу подобри напаѓачи од уругвајскиот.

Нормално, Интернетот не мирува, па веднаш му беше скроено новото CV на голгетерот:

Тело: Златан
Фризура: Енди Керол
Хајп: Роналдо
Очекувања: Левандовски
Предвидувања: Меси
Реалност: Лукаку, со примеси на Јакубу, зачинето со Тимо Вернер и малку од Бентеке
Менталитет: Мегвајер

На Дарвин Нуњез е да покаже дали „критичарите“ се во право!