Мотоспорт

НОВА ФОРМУЛА 1 СЕРИЈА СО КИАНУ РИВС

Глумецот Киану Ривс ќе биде хост на нова документарна серија со тема Формула 1. Најновиот ТВ пакет ќе биде емитуван на стриминг-платформата Дизни+ во 2023-та година. Во епизодите кои се подготвуваат, ќе има многу спектакуларни личности од светот на најбрзите.

Се претпоставува дека ќе ги видиме актуелниот шеф на Ф1 Рос Брон, неговите возачи (Џенсон Батон* и Рубенс Барикело) од 2009-та кои фамозно ја освоија двојната круна, Лука ди Монтеземоло од Ферари и останати познати фигури од поновото постоење на Формула 1.

Ривс е познат по улогите во франшизите Матрикс и Џон Вик, а неговата страст за Формула 1 е општо позната. Тој веќе почнал да спроведува интервјуа за новата улога што ја има. Формула 1 доживува ренесанса во популарноста, особено по Drive To Survive серијалот на Нетфликс.

Минатиот месец, компанијата Aple потврди дека ги обезбедила правата за продукција на нов филм со тема Формула 1 во кој главна улога ќе има Бред Пит, а седумкратниот шампион во овој спорт, британскиот возач Луис Хамилтон ќе биде во улога на асистент-продуцент.