Фудбал

НАВИВАЧИТЕ НА ИНТЕР СО ТРАНСПАРЕНТИ ДО УПРАВАТА

Страстите во Милано никако да запрат, откако италијанските медиуми најавија дека Конте си заминува од Интер поради несогласувања со плановите на семејството Жанг.

Најжествените фанови, групата „Курва Норд“ со транспаренти и пораки до управата дека играчите и Конте мора да останат. Доколку се случи спротивното, бараат заминување на кинеските сопственици.

Како што и претходно најавивме, кратењето на буџетот за плати, продавањето на барем две ѕвезди од тимот и неисполнувањето на посакуваните трансфери се дел од причините зошто Конте сака да си замине од Интер.