КОНТЕ ЗАМИНУВА ОД ИНТЕР?
Објавено на: 26.05.2021
Гласините стануваат се погласни дека Антонио Конте и Интер ќе се разделат во следните неколку денови.
Според Газета дело спорт, претседателот на Интер, Стивен Жанг, јасно им ставил до знаење на бордот на директори и на тренерот Конте дека наредната сезона мора да има намалување на платите од 15 до 20% на секој кој е дел од Интер, а исто така приливите од трансфери мора да бидат најмалку 70 милиони евра.
Во превод, ова значи намалување на платите на играчите и стручниот штаб, продавање на барем две ѕвезди од тимот и задоволување со засилувања кои не се дел од листата на желби на Италијанецот.
Во Интер веднаш се размислува и на замената на Конте, а во игра се Макс Алегри и Маурицио Сари.