НАМЕРАТА ИМ СЕ УДРИ ОД ГЛАВА?
Објавено на: 26.05.2021
Според првичните информации за причината поради која Леклер не стартуваше на Трката за ГН на Монако, извор на проблемите на стартот е сударот предизвикан претходниот ден, во квалификациите.
Да се потсетиме, возачот на Ферари удри во заштитниот ѕид во последниот налет и ги оневозможи останатите да постават нови времиња, кога тој имаше најдобар резултат, поради што требаше да стартува прв.
Според аналитичарите, овој пех го чини Ферари шанса да ја извојува единствената победа во рамките на актуелната сезона, затоа што тимот од Маранело покажа дека не е конкурентен со Мерцедес и со Ред Бул.