Кошарка

ДУРАНТ КАКО ПАЧУЛИА, ГО БОЦНА ПРОТИВНИКОТ ВО ОКО

Првата ѕвезда на Бруклин имаше близок контакт со првата ѕвезда на Бостон, повредувајќи го и испраќајќи го вон теренот до крајот на мечот. Кевин Дјурант при еден скоро незначителен дуел со прст „му брцна“ во око на Џејсон Тејтум.

Нетс победија со 130:108 и поведоа со 2:0 во првата рунда од плеј-офот во рамките на Источната конференција. Се сеќавате на Заза Пачулија, кој „ненамерно му влезе“ под нозете на Каваи Ленард и му го повреди ровитиот скочен зглоб?

Двата случаја се неповрзани и можеби немаат заеднички моменти, освен тоа дека најдобриот играч на спротивната страна се повредува и онеспособува, го напушта мечот и гостинската екипа го губи натпреварот во рамките на плеј-оф серијата во НБА лигата.