Кошарка

ВРЕДИ ЛИ ЗАЈОН ВИЛИАМСОН ТОЛКУ МИЛИОНИ?

Играше на Универзитетот Дјук, дојде во НБА лигата како прв пик на драфтот во 2019-та година, беше најавуван како нова голема револуција во американската кошарка, но досега не ги оствари најавите и не го изреализира потенцијалот.

Зајон Вилијамсон ќе потпише петгодишен договор со Њу Орлеанс Пеликанс, вреден 231 милион американски долари, што е максималната екстензија која може да ја добие еден руки кошаркар кој е драфтуван од екипата со која потпишува.

Беше избран во руки петорката на годината, кога Џа Морант беше избран за руки на годината (2020), играше на мечот меѓу Истокот и Западот како 4-ти најмлад Ол-Стар во историјата, минатата сезона ја преседе поради операција на фрактурата на стапалото.

Вилијамсон беше најавуван како „уникат на генерацијата“, како „чудовиште на теренот“ и со многу други епитети, но никогаш немаше импакт на играта како Лука Дончиќ, Трае Јанг, Морант или некој друг од новопечените НБА ѕвезди.

Прашањето е- дали вреди волку пари овој играч?