КАКО ЌЕ ФУНКЦИОНИРА ПОЛУ-АВТОМАТСКИОТ ОФСАЈД НА СП ВО КАТАР? (ВИДЕО)
Објавено на: 01.07.2022
Светското првенство во Катар ќе биде револуционерно по многу работи, но дел од новините кои ќе бидат внесени во играта ќе останат уште многу години. Во 2018 година беше воведен ВАР системот, а од оваа година, арбитрите ќе имаат уште една мака помалку, бидејќи фудбалот ќе отиде чекор понапред во автоматизацијата.
На 22 Ноември за прв пат во фудбалската игра ќе дебитира фудбалскиот полу-автоматски офсајд, најави Јоханес Холцмилер, заменикот директор за технологија на ФИФА.
Благодарение на овој систем, ќе им се олесни работата на судиите на теренот, но и на оние во ВАР собата, бидејќи во топката на ова СП ќе биде вградена технологија која ќе ги анулира спорните офсајд ситуации. Дополнително, за да се зголеми транспарентноста со фановите, 12 камери на секој стадион ќе проектираат 3Д анимација, која детално ќе ја прикаже спорната ситуација во милиметри, користејќи реални силуети од играчите.
Ваквиот спој на технологии, ќе може да го искалкулира секое движење на топката и играчот дури 50 пати во една секунда. Само во топката, сензорите до технологијата ќе испраќаат 500 информации во една секунда, со што најпрецизно ќе се отстрани секој сомнеж кога е офсајдот во прашање.
Целиот процес ќе трае најмногу 25 секунди, со што ќе се заменат долгите ВАР прегледи, а системот веднаш се вклучува по постигнување на гол. Доколку светлата на стадионот означат портокалово, тоа значи дека има спорна ситуација која технологијата ја проверува. Откако прегледот ќе биде направен, се вклучува 3Д анимацијата која ќе ја гледаат навивачите на стадионот, но и оние покрај малите екрани.
Ваквата технологија уште во 2019 ја најави славниот Пјерлуиџи Колина, но имплементацијата беше забавена поради КОВИД кризата.
Фудбал со судии-роботи изгледа интересно, но не е вистина дека фудбалот оди во тој правец. Стандардните судии ќе бидат повторно важни, но ќе воведеме правило како полу-автоматски офсајд, кој ќе се вклучува само кога навистина ќе има спорна ситуација. Не е возможно реакцијата да биде за 4 или 5 секунди, но верувам дека ќе биде потребно 20 до 25 секунди, што е навистина добро и пред се прецизно.
Како ви се допаѓа ваквата новина од ФИФА?