КОЈА ДЕСЕТКА Е НАЈДОБРА НА СИТЕ ВРЕМИЊА?
Објавено на: 01.07.2022
Светското првенство е пред прагот, многу брзо ќе дојдат ноември и декември кога ќе уживаме во мајсториите на најголемите фудбалски виртуози на денешницата.
Речиси сите се тука, со исклучок на Италија која потфрли во квалификациите и загуби од Македонија, но кај Италијанците и нема некој актуелен магионичар.
Во предвечерјето на фудбалскиот мундијал, што ќе биде најгледаната спортска манифестација на сите времиња, или барем така ние очекуваме, да се потсетиме на најдобрите играчи кои некогаш го носеле дресот со број 10.
На дел од ѕвездите им прогледавем низ прсти, поради нивниот авторитет и ги претставивме со клупски дресови. Која десетка би ја одбрале вие, од приложените на фотографијата и зошто? Или можеби некоја друга, што не е тука?

Светското првенство на ФИФА, ќе биде 22-ро во организација на светската куќа на фудбалот и прво што ќе се одржи во арапскиот свет, поточно во Катар.
Натпреварите се играат од 21-ви ноемрви, до 18-ти декември 2022-та година. Ќе учествуваат 32 репрезентации од 5 континенти. Од 2026-та година ќе учествуваат 48 репрезентации.