Кошарка

РАЈКОВИЌ НЕ Е ФОЛИРАНТ И ЗНАЕ АНГЛИСКИ, ЌЕ НАУЧИ И РУСКИ АКО ТРЕБА

Многу наши тренери сакале, ама не успеале да седнат на клупата на голема европска екипа. Еве го Емил, на жешкото столче на руската гордост и една од најтрофејните европски екипи во историјата.

За оние што не знаат, ЦСКА Москва е второрангирана на вечната листа со 8 титули европски шампион, освеони во 14 финалиња. Има 4 Евролига пехари, колку што има и Панатинаикос, што е рекорд.

Емил Рајковиќ има 43 години и тој е еден од ретките македонски стручњаци кои излегоа на меѓународната сцена и останаа таму, што е само потврда за неговиот квалитет и за капацитетот да напредува и да се надградува.

Имаше многу поголеми имиња од неговото, кои заминаа или можеа да заминат, но многу брзо си ги спакуваа куферите или воопшто не се осмелија, затоа што имаа проблеми со знаење, јазик, желба, мотив, визија…

ЕМИЛ, СО СРЕЌА!!!