Фудбал

ТОА СЕ ВИКА ПОЧИТ – КОРЕЈЦИТЕ ПОСТАВИЈА РЕКОРД ЗА МЕЧОТ НА СОН НА ДОМАШЕН ТЕРЕН

Тотенхем продаде 66.000 билети за 25 минути, за првиот натпревар што оваа екипа ќе го одигра на тлото на Јужна Кореа, се разбира поради тоа што во редовите на англиската екипа настапува локалниот херој Сон Хеунг-мин.

Премиелригашот ќе отпатува за Јужна Кореа во јули, каде ќе помине одреден период како фаза од подготовките за претстојната сезона 2022/23. Ќе одигра два натпревара – против Севиља и против најдобрите 11 на јужнокорејската фудбалска лига.

Дуелот со шпанскиот тим не беше толку интересен, но затоа за овој другиот, билетите се продадоа како алва. Мечот ќе се игра на стадионот во Сеул на кој се играа натпреварите од светското првенство во 2002-та година, кога Јужна Кореа играше полуфинале.

Датумот е 13-ти јули.