Фудбал

ФЛИК Е НАЈСЕРИОЗНИОТ ТРЕНЕР НА СВЕТОТ

Тој е тренерот што му донесе нова слава на Баерн Минхен и селекторот што ја препороди репрезентацијата на Германија. Со Баварците покажа што знае, останува да видиме колку може со националниот состав.

Ги наследи прво Баерн Минхен во очајна ситуација, а потоа и националниот тим скоро распаднат, за да ги вивне и двата колектива таму каде што припаѓаат. Еве ги неговите изрази на лицето, забележете ги резултатите:

Се сеќаваме на 2020-та кога не беше прогласен за тренер на годината и покрај тоа што доминираше во Германија и во Европа со Баерн Минхен, победувајќи ја Барселона со 2:8 во 1/2 финалето, а на Челси му даде 7 гола.

На „негово“ место беше избран Јурген Клоп кој тогаш ја освои титулата со Ливерпул по 30-годишен пост, но достигнувањата на Ханси Флик беа далеку поголеми и позначајни. Ќе успее ли со Германија на СП?