Кошарка

ДАЛИ ВОРИОРС СЕ ДИНАСТИЈА И ДАЛИ КАРИ Е „КУМ“?

Екипата на Голден Стејт Вориорс ја освои НБА титулата во финалната серија против Бостон, со вкупен резултат од 4:2, кревајќи го пехарот на теренот на противникот кој не успеа да се одлепи на врвот на листата и останува со 17 пехари, колку што имаат и Лејкерс.

Стеф Кари конечно ја доби наградата за најдобар кошаркар во една финална серија, затоа што доминираше пред се во офанзивниот перформанс со 31.2 поена во просек по натпревар.

Ова е четврта титула во 8 години за франшизата од Сан Франциско, вкупно шеста во историјата. Дали овие бројки им даваат за право да се нарекуваат НБА династија, односно на Стеф Кари лидер на династијата која по се изгледа, се уште не го кажала последниот збор?