Фудбал

КАТАР СНЕМУВА МЕСТА ВО ХОТЕЛИТЕ, ФАНОВИТЕ ВО ШАТОРИ

Според последните најави од земјата која ќе го организира претстојното светско првенство во фудбал, места во хотелите веќе нема, потрошени се сите сместувачки капацитети. Претпоставуваме дека тоа се оние хотели кои може да си ги дозволи просечен граѓанин на светов, а не оние луксузните.

Катарците имаат план Б, а тоа е сместување на фановите во хотели во пустината, односно во шатори карактеристични за тој дел на светот. Бедуинските шатори ќе бидат поставени со цел да може да се исполнат барањата на „вишокот“ од околу 1.2 милиони љубители на фудбалот, колку што се очекуваат.

Селото ќе брои 1.000 шатори, а престојот ќе чини 200 американски долари за вечер. Во секој шатор ќе има вода и генератори за струја, но нема да има климатизација. Се претпоставува дека температурите во периодот на СП 2022, ќе бидат околу 29 степени на скалата на Целзиус. Ќе биде необично, нели?