Фудбал

МОДРИЌ ИЗНЕНАДЕН ОД ПОТЕГОТ НА КРАЛСКИОТ КЛУБ

Хрватскиот интернационалец без размислување го прифатил новиот договор што му го понудил сегашниот клуб, иако изјави дека не го очекувал тоа од Реал Мадрид:

Искрено, ова ме прави горд, ќе поминам во редовите на најголемиот клуб на светот – цели десет години. Дојдов кога имав 27 години и продолжувам таму каде што сакам да бидам. Ова е клуб во кој сите сакаат да дојдат и да играат. Мора да признаам дека не очекував вакво нешто.

Репрезентативецот на коцкестите освои дури 4 титули во ЛШ, со екипата на Реал Мадрид. Во 2018-та ја освои најпрестижната индивидуална награда, Ballon D’or.