НЕМА ШЕГА СО ФРАНЦУЗИТЕ – БОРДО ВО ТРЕТА ЛИГА
Објавено на: 14.06.2022
Еден од симболите на францускиот фудбал ќе игра третолигашки натпревари, поради тоа што работата на организацијата не е во корелација со финансискиот фер-плеј што го наметнаа државните фудбалски власти.

Четвртфиналистот во Лигата на шампионите на УЕФА од пред 10-тина години и една од екипите кои го кроеја фудбалскиот тек во Франција, сега, наместо во втората, ќе оди дури во третата лига според ранкингот.

Колку сериозно се спроведуваат овие финансиски правила во другите лиги? На пример во Шпанија со Барселона и Реал, во Италија со Јувентус, во Англија со Сити, Челси и останатите?