Фудбал

ТИТУЛАТА ШТО НИКОЈ НЕ МОЖЕ ДА МУ ЈА ЗЕМЕ НА ВАРДАР

Вардар дрнеска прославува 35 години од југословенската шампионска титула освоена во 1987 година. Тоа беше прва и единствена, која сојузните фудбалски власти сакаа да му ја земат. Го сторија тоа на хартија, но историјата памети.

На 34 натпревари, четата на Андон Дончевски оствари 15 победи со 11 порази, а имаше и 8 реми средби. На крајот, беше првопласирана и заслужено стигна до историскиот пехар.

Поради местенки и лажирање на натпревари во претходната сезона, 1985/86, дел од југословенските екипи почнаа да играат со -6. Кога видоа кој ја освои титулата, ју-фудбалските авторитети ја повлекоа таа одлука и титулата му беше доделена на Партизан.

Сепак, УЕФА му дозволи на Вардар да игра во тогашниот Куп на европските шампиони, каде двапати загуби со по 3:0 од Порто. И покрај се, во очите на Македонците, Вардар е шампион таа сезона и никој друг!