ДАЛИ ВИ СЕ ВЕРУВА – КАРИ НЕ ПОГОДИ НИЕДНА ТРОЈКА?
Објавено на: 14.06.2022
Стефон Кари не успеа да погоди ниту еден шут за три поени на 5-тиот меч од финалната серија против Бостон, но сепак неговата екипа успеа да слави со 104:94 и да ја заработи првата меч топка во битката за НБА титулата.

Кари дури не беше ни во врвот на листата на стрелците, што е опасна закана за Селтикс – со само 16 поени, човекот кој ги решеташе со по 40+ на претходните натпревари, не беше клучниот фактор за триумфот на Вориорс.
Најдобриот тројкаш во историјата на НБА лигата, шутираше 0/9 во ударите за три и првпат по рекордните 132 плеј-оф натпревара, односно 233 последователни натпревари заедно со регуларниот дел, не погоди за три поени.
Кој ќе ја освои НБА титулата?