Фудбал

ДИБАЛА Е НОВ ИГРАЧ НА ИНТЕР?

Речиси сите италијански медиуми известуваат дека детали ги делат Интер и довчерашната ѕвезда на Јувентус од потпишување на четири годишен договор кој ќе го пресели Аргентинецот од Торино во Милано.

„Десетката“ на Јувентус е на одмор во Мајами со својата сопруга, а таму се дружеше до вчера со Пол Погба кој најверојатно ќе заврши во Торино облекувајќи го бело-црниот дрес на слободен трансфер. Но од вчера, негово друштво е неговиот сонардоник, Хоакин Кореа, играч од нападот на Интер. Тие двајцата се најдоа на фотографија на Инстаграм на сопственикот на ресторанот каде што вечераа, а сопственикот не успеа да ја „сокрие“ веста која веќе се почесто се слуша.

Донатело Феле, првично на својата објава напиша „Добредојде во Интер“, а потоа истата беше сменета со „Напред Интер“, тагнувајќи го Дибала.

Според денешното издание на Газета, се очекува во четврток да биде потврден трансферот, а најголема улога во преоѓањето во Милано на Дибала имала неговата мајка.