Тенис

ИНЈЕКЦИИТЕ НА НАДАЛ НЕ СЕ ДОПИНГ?

Шпанскиот тенисер е цел на напади од страна на светските медиуми и светската јавност, кои бараат да се прегледа составот на инјекциите кои ги примал со цел да може да настапува на големите турнири, меѓу кои и Ролан Гарос каде триумфира и го освои рекордниот Грен слем трофеј број 22.

По освојувањето на 14-тиот пехар во Франција, се огласи првиот човек на Светската анти-допинг агенција:

Тие инјекции не се на списокот недозволени средства, кој го имаме ние. Со нив не се подобрува перформансот на еден спортист. Тие не се штетни по неговото здравје. Надал победи 14 пати на Ролан Гарос, 13 пати тоа го стори без инјекции.

Мислам дека и овој, 14-тиот пат го стори тоа без помош на лекарствата. – се зборовите на Оливие Нигли.

Работата на претседателот на ВАДА не е да оценува дали некој освоил нешто или не, со помош на некои средства, туку да каже дали тие средства се дозволени или не. Неговата организација долги години е светлосни години зад допинг средствата и многу ретко успева да го открие допингот на време.

Тврдењата дека Надал е допингуван нема да бидат точни се додека тоа не се докаже, неговите успеси не смеат да се омаловажуваат непотребно. Но, дали ваквите изјави на вакви челници фрлаат сомнеж за организиран криминал во светот на медицината и допингот?