УБАВЕЦОТ НА СОН ОД СЛОБОДЕН
Објавено на: 10.06.2022
Репрезентативецот на Јужна Кореа ја имаше сезоната од сништата, освојувајќи ја златната копачка за најдобар стрелец во Премиерлигата. Но, Сон не застана тука, туку продолжува со одличните настапи и во националниот дрес.
На мечот против Парагвај, во реми средбата 2:2, тој постигна прекрасен гол од слободен удар за намалување на 1:2 во 66-та минута од натпреварот:
Another free kick goal from Son (South Korea vs Paraguay) pic.twitter.com/1DYXhdHgIK
— anna🇰🇷 (@annacoys) June 10, 2022
Сон Хеунг-Мин постигна два гола директно од слободен удар летово, на трите пријателски средби одиграни во јуни. Неговата форма е во нагорна линија, неговите екипи го чувствуваат тоа.
Новата ѕвезда на фудбалското небо?