ПРЕД 6 ГОДИНИ, ГО ЗАГУБИВМЕ НАЈГОЛЕМИОТ БОКСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Објавено на: 03.06.2022
Јас сум најголемиот на сите времиња, го кажав тоа уште пред да знам дека сум, рече своевремено Мухамед Али, или Касиус Клеј кој поради несогласувањето со американската влада по прашањето на ропството и нееднаквоста на црните луѓе, ја смени верата во муслиманска и го смени името.
Мухамед Али е роден на 17-ти јануари 1942, почина на 3-ти јуни 2016. Боледуваше од Паркинсонова болест. Потекнува од Луисвил, Кентаки, а името Касиус Клеј го добил по татка си, Касиус Марселус Клеј Сениор, кој пак истото го добил по аболиционистот и политичар Касиус Клеј од XIX век.
Касиус Клеј е ропско име. Не го сакам, не го избрав. Јас сум Мухамед Али, тоа е име на слободен човек што значи „сакан од Господ“. Сакам така да ми се обраќате. – додаде тој.
Али многу брзо увидел дека како скромен боксер не се стигнува надалеку во бизнисот, па затоа и им се потсмевал на противниците, провоцирајќи ги. Го променил името откако пристапил на Нацијата на Исламот во 1964.
Мухамед Али е првиот троен светски првак, воедно е олимписки шампион од Рим 1960-та година во полутешка категорија и има професионален скор 56/5. „Рамбл ин д џангл“ и „Трила ин Манила„ се двете најпознати борби на Али, со Џорџ Форман и со Џо Фрејзер.
Во едно ТВ шоу, Мајк Тајсон јавно призна – Муахмед Али е најголемиот боксер на сите времиња.