Тенис

ЗВЕРЕВ НА КОЛИЧКА ГО ПРЕДАДЕ НАТПРЕВАРОТ СО НАДАЛ (ВИДЕО)

Рафаел Надал ќе игра ново финале на Ролан Гарос, откако Александар Зверев се повреди во вториот сет пред почетокот на тај-брејкот.

Германецот беше во налет да стигне топка на Надал, но го свитка зглобот при лизгањето на земјата и со солзи и крици на количка замина кон медицинскиот дел на Филип Шатрие.

Од таму се врати на патерици, само за да ја поздрави публиката и неговиот денешен противник.