Фудбал

РЕАКЦИЈА НА РАМОС: МЕ БОЛИ ШТО НЕМА ДА ИГРАМ ЗА ШПАНИЈА!

Капитенот на Реал Мадрид излезе со лична реакција, откако беше изоставен од списокот на фудбалери што ќе играат за Црвената фурија, на претстојниот континентален собир:

ЕП доаѓа по тежок период и чудна сезона, каква никогаш претходно не сум доживеал. Жал ми е што не можев повеќе да му помогнам на мојот тим и што нема да играм за Шпанија, но најдобро решение за мене во овој период се одмор и целосното закрепнување. Ме боли што нема да ја претставувам својата земја, но човек треба да биде фер и да биде искрен. Ќе бидам најголемиот навивач на Шпанија. Со среќа.