Фудбал

ЗАМЕНАТА НА ДОНАРУМА ПРИСТИГНА ВО МИЛАНО

Џиџи Донарума е на излезни врати од Милан, а росонерите не чекаа многу за да најдат негова замена.

Денес во Милано пристигна голманот на Лил, Мајк Мањан кој ќе стави потпис на петгодишен договор како што најавуваат италијанските медиуми.

Французинот е забележан како влегува во Ла Мадонина клиниката да ги заврши медицинските прегледи.

Прашањето што доаѓа следно е – Каде ќе оди Донарума?