ПРВПАТ ВО ИСТОРИЈАТА НЕМА ИГРАЧ НА РЕАЛ ВО СЕЛЕКЦИЈАТА НА ШПАНИЈА
Објавено на: 25.05.2021
Дојде и тој ден, селекторот на Шпанија кој некогаш играше за Реал, па за Барса, во составот да не повика ниту еден играч на Крласкиот клуб, најтрофејниот фудбалски колектив на сите времиња.
ГОЛМАНИ: Симон, де Хеа, Санчез
ОДБРАНА: Алба, Гаја, Лапорт, Торес, Гарсија, Љоренте, Маркос Љоренте, Аспиликуета
СРЕДЕН РЕД: Бускетс, Руис, Педри, Родри, Алкантара, Коке
НАПАД: Ојарзабал, Мората, Олмо, Морено, Феран Торес, Сарабија, Траоре
Иако имаше можност да направи список со 26 фудбалери, Луис Енрике излиста 24 имиња, меѓу кои нема ниту еден од стандардните првотимци на клубот од шпанската престолнина.
До 48 часа пред првиот натпревар можеме да вклучиме друг фудбалер, ако се случи повреда или ако некој е позитивен на Ковид-19. Не брзаме. – се зборовите на Луис Енрике.