Фудбал

КАКВИ БАТКИ ГО НОСЕА ПЕХАРОТ, БИ ИМ СЕ СПРОТИВСТАВИЛ ЛИ НЕКОЈ?

Големиот Ушко тргна на пат кон Стад Франс во Сент Дени во Париз, стадионот на кој ќе се одигра финалето во Лигата на шампионите. Последниот натпревар во елитната сезона, е најгледаниот меч во текот на натпреварувачката година.

Се почнува со пристигнувањето на тимовите во градот во кој се одигрува финалниот натпревар, но дел од спектаклот е и носењето на шампионското одличје кое им припаѓа на тимовите кои ќе триумфираат во дуелот над сите дуели:

Обезбедувањето на пехарот е приказна сама по себе. Замислете некој да им се спротивстави и да се обиде барем да го допре шампионскиот трофеј, што би му се случило на еден таков „престапник“?

Реал Мадрид и Ливерпул играат за местото на тронот – мадриѓаните за 14-тата победа и за продолжување на рекордот, а англискиот претставник за 7-мата и за изедначување со Милан на втората позиција на вечната листа.