Фудбал

ФАНОВИ НА ЛИВЕРПУЛ СО ГЛИСЕР ТРГНАА КОН ПАРИЗ

Дека за фановите на Ливерпул финалето вечерва против Реал Мадрид значи се, докажува и фактот дека група на навивачи во неможност да обезбедат превоз до Франција, решиле со глисер да го преминат Ла Манш и да стигнат на копно во Франција.

Според локалните медиуми во Ливерпул, фановите се одлучиле на ваков потег откако нивниот лет со компанијата EasyJet бил откажан. Сепак, тие не се откажале и изнајмиле глисер за да ги избегнат гужвите по тунелот. Од Рен, фатиле воз до Париз и во моментов се наоѓаат пред Стат де Франс.

И други наши пријатели откако слушнаа за идејата ни се придружија и тргнаа со нас. Немаме билети, но кому му е тоа битно

Изјави господинот О’тул.

Инвазијата на Париз не е само преку воден пат, туку и преку копно, но и со авиони. За тоа говори оваа слика на редици на аеродромите низ Англија, кои фановите на црвените ги користат за да пристигнат во француската престолнина.