Мотоспорт

СУДАРОТ НА ПЕРЕЗ И САЈНЦ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ (ВИДЕО)

Највозбудливите квалификации во сезоната штотуку завршија, откако Чарлс Леклер стигна до својата втора пол позиција на домашен терен и негова петта овосезонска. Но се чини дека сударот помеѓу Серхио Перез и Карлос Сајнц му помогна на Моначанецот да стартува од првата пол позиција.

Перез беше во налет по неговиот последен летечки круг во последната квалификациска сесија, исто така и Сајнц, но Мексиканецот се изврте пред тунелот под Казиното во Монте Карло. Жолтите знамиња не ги забележа Шпанецот од Ферари кој ќе стартува на втората пол позиција и сакајќи да избегне фронтален судир со него, се изврте и го закачи со своето задно лево тркало.

Поради овој инцидент, завршија и квалификациите, а шампионот во Ф1 – Макс Верстапен ќе стартува од четвртата позиција, зад неговиот тимски колега.

Несомнено, не очекува уште една возбудлива трка утре со почеток од 15:00 часот.