Фудбал

ГАТУЗО СИ ОДИ ОД НАПОЛИ

Аурелио Де Лаурентис потврди на својот Твитер профил дека Џенаро Гатузо го напушта Наполи по вчерашниот неуспех и неквалификувањето во Лига на шампиони.

Гатузо дојде на 1 Декември на клупата на Наполи и со наполитанците успеа да стигне до трофејот во Купот на Италија. Но ремито против Верона е „фатално“ по неговата иднина на клупата на клубот од Неапол.

Драг Рино,

Среќен сум што заедно ги поминавме претходните две години. Ти благодарам за се што направи за Наполи и ти посакувам многу среќа во кариерата, напиша претседателот на Наполи.

 

Како главни фаворити за негова замена се спомнуваат Макс Алегри и Лучијано Спалети.