АЗАР СЕ ВРАЌА ВО ЧЕЛСИ?
Објавено на: 24.05.2021
Трпението во Мадрид со Белгиецот кој дојде како голема замена за Кристијано Роналдо е при крај, но и Азар сака да си замине од Реал Мадрид по две сезони во кои повеќе беше надвор од терените отколку на нив.
Бројот 10 во Белгиската репрезентација оваа сезона започна само на 10 натпревари за Реал Мадрид, а не успеа да се наметне како прв избор кај Зидан поради бројните повреди.
Според шпанскиот ТВ канал El Chiringuito de Jugones, тимот од западен Лондон сака да го врати својот бисер назад на Стемфорд Бриџ, а од Реал Мадрид веќе и ја истакнаа почетната цена за негов трансфер – 43 милиони фунти.
Покрај Азар, на трансфер листата на Кралевите се и Гарет Бејл, Лука Јовиќ, Брахим Диаз, Дани Себаљос, а се очекува и Серхио Рамос да го напушти главниот град и тимот во кој долго време ја носи капитенската лента.