Фудбал

МИЛАН И ЈУВЕ ВО ЛШ, НАПОЛИ ИЗВИСИ

Росонерите славеа на гостувањето кај Аталанта со 0:2, Јувентус ја прегази Болоња со 1:4 и по ремито на Наполи против Верона со 1:1, двата италијански гиганта ги обезбедија 2-та и 4-та позиција во шампионатот.

Интер од подамна ја освои титулата, а Аталанта по исходот во последното коло, ја освои третата позиција. Тоа е големата италијанска четворка, која следната сезона ќе ја гледаме во рамките на европската елита.