Фудбал

ЧЕКАЧИТЕ ЈА ПРЕКИНА ДОМИНАЦИЈАТА НА ПСЖ

На секоја империја и доаѓа крајот, па така и клубот од престолнината ќе мора да се задоволи само со втората позиција во националниот шампионат. По триумфот на Лил кај Анже со 1:2, бадијала беше победата на ПСЖ кај Брест со 0:2.

По 9 сезони пауза (2010/11), Лил е повторно првак на Франција. Во меѓувреме, шампиони беа Монпеље, ПСЖ (4), Монако и ПСЖ (3). Ова е вкупно шеста титула во витрините на Лил, кој до претходната во 2011-та чекаше од 1954-та година.