Фудбал

ГВАРДИОЛА ПРИЗНА (ДЕКА СИ ОДИ?)

Она што се шпекулираше на големо, најверојатно ќе стане реалност. Пеп Гвардиола си заминува од Манчестер Сити по поразот од Реал Мадрид во 1/2 финалето во Лигата на шампионите.

Бев многу тажен по поразот од Реал Мадрид. Можеби навистина не сум доволно добар тренер (менаџер), за да му ја донесам титулата на Манчестер Сити во Лигата на шампионите.

Дел од раководството на англискиот клуб најави ревизија на работата на шпанскиот стратег, од страна на бордот, иако наводно бил постигнат договор за соработка до 2025.