ДАЛИ НОВИОТ СОПСТВЕНИК ВЕДНАШ ЗАЖАЛИ ШТО (ЌЕ) ГО КУПИ ЧЕЛСИ?
Објавено на: 07.05.2022
Лондонските сини играа само 2:2 против Вулверхемптон и го загрозија третото место на табелата во Премиерлигата, на три кола до крајот на сезоната. Сега имаат 67 од 35 меча, а Арсенал има 63 од 34.

Може да се каже дека им е загрозено и местото во Лигата на шампионите, затоа што Тотенхем има 61 бод од 34 натпревари, со уште 12 бода во игра до крајот на првенството, кое ќе биде возбудливо.

Дали новиот сопственик на Челси кој се уште е на усмена потврда дека ќе го преземе клубот, има време да размисли и да се реши дали ќе ги плати предвидените 4.25 милијарди фунти за сините?