ЧЕЛСИ ЧИНИ ВРТОГЛАВИ 4.25 МИЛИЈАРДИ ФУНТИ
Објавено на: 07.05.2022
Лондонските сини чинат 4.25 милијарди фунти и ќе добијат нов сопственик, кој ќе му плати 2.5 на Роман Абрамович и кој се обврзува да инвестира дополнителни 1.75 во развојот на клубот.

Рускиот тајкун, според договорот, ќе ги пренесе сите средства што ќе ги добие од продажбата, во добротворни цели. Сумата за откуп ќе биде пренесена на замрзната сметка во банка во Англија.

Ќе биде потребно одобрување од страна на Владата на Велика Британија. Новиот сопственик ќе инвестира во академијата, женскиот тим, Стемфорд Бриџ и Кингсмедоу, двата стадиона на машкиот и женскиот тим, како и во добротворната организација на Челси.

Во 2 часот по полноќ, сабота 7-ми мај 2022, Челси потврди дека е постигнат договор кој ќе се реализира во месецот мај. Предводник на новата групација сопственик на Челси, е Тод Боули, американски тајкун кој има акции во Лејкерс, Доџерс и Спаркс во ЛА, односно Вашингтон Спиритс, женски фудбалски клуб во САД.