ОФЦИЈАЛНО: ТЕН ХАГ НА КЛУПАТА НА ЈУНАЈТЕД
Објавено на: 21.04.2022
Англиската екипа го назначи холандскиот стручњак и актуелен тренер на Ајакс, за нов менаџер по завршувањето на тековната сезона во премиерното англиско фудбалско натпреварување.

Ерик тен Хаг (52) ќе ја преземе улогата од Ралф Рагник и ќе седи на клупата во следните три години, а договорот има клаузула за продолжување на уште една сезона.

Рагник, кој го замени Солскјер, станува советник. Тен Хаг е петтиот (перманентен) менаџер на Манчестер Јунајтед по пензионирањето на Алекс феергусон во 2013-та година.