Тенис

НОВАК ЗА ОДЛУКАТА НА ВИМБЛДОН: ТОА Е ЛУДОСТ

Српскиот тенисер ја оцени одлуката на организаторот на Вимблдон, третиот Грен слем турнир во годината, да не им дозволи на руските и белоруските тенисери да настапат на тревата во англиската престолнина, како лудост.

Раководните органи на тенискиот турнир Вимблдон, објавија дека на сите руски и белоруски тенисери им е забрането да играат на изданието 2022, поради инвазијата на Русија во Украина и поддршката од Белорусија.

Во право ли е Ѓоковиќ, треба ли тенисерите да коментираат политички одлуки?