Фудбал

ЈОКИЌ НЕ Е НАЈДОБРИОТ ВО НБА ЛИГАТА?

Српскиот интернационалец е на прагот на елиминација со неговиот Денвер, во соочувањето со Голден Стејт. Вориорс водат со 3:0 против Нагетс и најверојатно во следните два натрпревата, ако не и во следниот, ќе ја завршат првата елиминациска серија во НБА плеј-офот.

Не само што никој не се вратил од 0:3, туку и односот на играчите на Денвер најавува нивна елиминација. Освен што Нагетс не се борат за секоја топка како да им е последна, нивниот најдобар играч ноншалантно ја загуби клучната топка на третиот натревар:

Дрејмонд Грин му покажа на српскиот интернационалец како се бори за својот тим и иако ги загуби сите дуели во текот на мечот, го доби најважниот. По се изгледа, Никола ќе треба уште многу да работи на себе, ако сака да биде меѓу најдобрите во НБА лигата.