Фудбал

ХАМИЛТОН И СЕРЕНА СО ПОМОШ ГО КУПУВААТ ЧЕЛСИ

Предводени од поранешниот прв човек на Ливерпул, Сер Мартин Фалкнер Бротон, двете големи спортски фигури се дел од поширока коалиција која се обидува да го купи лондонскиот фудбалски клуб.

Луис Хамилтон и Серена Вилијамс ги знаат сите, но Бротон е релативно „непознат“ за пошироката јавност. Тој е на чело на ИАГ, интернационалната авиокомпанија формирана 2011-та година.

Неговата фирма е во тесна релација со Бритиш Ервејс, Ибериа и Вуелинг. Тоа е шпанска компанија, чии акции се присутни на лондонската берза и на шпанските берзи.